Суббота, 05.07.2025, 19:53
Мой сайт
Главная Регистрация Вход
Приветствую Вас, Гость · RSS
Меню сайта
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 5
Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0
Форма входа
Поиск
Календарь
«  Декабрь 2013  »
Пн Вт Ср Чт Пт Сб Вс
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031
Архив записей
Друзья сайта
  • Официальный блог
  • Сообщество uCoz
  • FAQ по системе
  • Инструкции для uCoz
  •  
    Главная » 2013 » Декабрь » 19 » Лажица мравки нахранува војник :: Без паника мравки
    17:50

    Лажица мравки нахранува војник :: Без паника мравки





    Министерот одблизу се запозна со условите за подготовка на ренџерите

    Ден со армиската единица „Ренџери“ на падините на Бистра

    Сместени на 1.500 метри надморска височина, на половина час лет со воените хеликоптери М-17 или неколку часа возење, неколку километри одалечени од најблиското населено место, армиските ренџери се учат како да преживеат во најтешките услови, кога немаат храна, питка вода, средства за дезинфекција и лекови. Маскирани во боите на шумата за никој да не може да ги забележи, се хранат и се лечат со растенијата што им ги нуди природата, а спијат на импровизирани легла. Учат како да го искористат сето она што им го нуди природата. Како вистински домаќини, ренџерите не пречекаа со полна трпеза и објаснување каде ја нашле и како ја приготвиле храната. Растенија, месо од диви животни и сок од бозел, или витаминизиран напиток како што тие го нарекуваат, беа доволни за барем на еден ден да го искусиме преживувањето во планина, што е составен дел од секојдневието на овие војници. Кога пристигнавме во нивниот логор, н прошетаа и ни објаснија како живеат додека се на обука. Прво не однесоа до една импровизирана мапа од земја на која е обележано местото каде што се наоѓаат и сите патишта што водат до нивната локација.

    Потоа ни покажаа една долга дрвена маса на која беа поставени сите растенија и инсекти со кои се хранат и се лечат во услови на повреда. Ни ги покажаа импровизираната бања и леглата каде што спијат.

    ЕДНА ЛАЖИЦА ЈАЈЦА ОД МРАВКИ ДОВОЛНА ЗА ЕДЕН ВОЈНИК

    Салата од глуварче, папрат наместо зелка, мечкин лук за да го исчистат организмот од токсините, воловски опаш како замена за брашно, јајцата од мравки се полни со протеини, една лажичка е доволна за еден војник да внесе доволно протеини за еден ден. Златецот го користат наместо пржени компири. Плескавици прават од коприви и од див компир. Пуфката (габа) и ајдучката трева ги користат за зацелување рани, трат (габа) за потпалување и за пренесување оган од едно до друго место. Овие растенија секој ден се наоѓаат на менито на армиските ренџери кога имаат обука за базирање и опстанок во природа.

    Времето поминато во природата ги направило вистински мајстори и за преживување, но и за готвење. Во услови кога немаат вода за пиење, тие во пластично шише поставуваат газа, а врз неа ред земја, ред трева и ред песок. Водата што доаѓа од земјата и од тревата се прочистува во газата и војниците имаат питка вода. Храната што ја ловат за да не им се расипе ја собираат и ја чуваат во импровизиран фрижидер поставен во река. Направиле и фурни од кал и од вода за да имаат каде да ја приготвуваат храната.

    Спијат на натапкана земја, на која поставуваат сува трева и гранки, а пред леглата поставуваат оган за да ги штити од диви животни и од инсекти. Кога времето е врнежливо врз леглата поставуваат многу гранки и листови од растението слонови уши, кои велат дека може да се користи како ќерамиди.

    ОБУКИТЕ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ

    Со нивното мото „секогаш еден чекор пред сите“, армиската единица „Ренџери“ е единица за далечинско набљудување која дејствува во заднина на непријателот. Понекогаш се случува и со денови да мора да набљудуваат и да останат без јадење. Затоа овие обуки се клучни за нив и тие мора да се одржуваат барем еднаш годишно.

    Според мајсториите што ги видовме на годинешната обука, војниците го усовршиле начинот на ловење, наоѓање и на приготвување на храната. Задоволни од обуките се и војниците. Велат дека супер се снаоѓаат во природата. Освен што учат како да преживеат во тешки услови, со природната храна си го прочистуваат организмот. Сметаат дека исхраната која ја имаат во планина, не ги слабее, напротив, некои од нив од планина се враќале неколку килограми потешки.

    - Обуките се клучни за еден припадник на оваа единица, да може да преживее и во најтешките услови. Во планината остануваме долго време и се учиме како да ги користиме сите благодети на планината. Стануваме едно со природата. Знаеме како да ги препознаваме растенијата што ни се потребни за исхрана, дури и во зимски услови. Најчесто сите тие имаат стебла над земјата, па можеме да ги видиме и да ги ископаме - велат од армиската единица.



    Источник: www.novamakedonija.com.mk
    Просмотров: 337 | Добавил: nettelf | Рейтинг: 0.0/0
    Всего комментариев: 0
    Copyright MyCorp © 2025
    Бесплатный хостинг uCoz